Феномени што луѓето ги виделе само еднаш во историјата

Феномени што луѓето ги виделе само еднаш во историјата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Низ историјата многу настани оставиле печат на еден или на друг начин. Следниве феномени се познати по тоа што се појавиле само еднаш.

Обратно течење на реката Мисисипи

Реката Мисисипи во САД е четвртата најдолга река во светот. Во 2012 г. реката течела во обратна насока 24 часа како последица од ураган.


Фото: Pixabay

Сигналот „Wow“

Пред повеќе од 43 години, во 1977, телескопот наречен „Големото уво“ детектирал сигнал на звучен бран кој е посилен од звуците што се слушаат во вселената. Астрономот Џери Еман бил толку импресиониран, што го заокружил податокот за сигналот и напишал коментар „Wow“ веднаш до него, по што е наречен сигналот. Дали сигналот е доказ за вонземен живот? Мистеријата не е решена до денес.


Фото: Wikipedia

Тунгуска експлозија

Станува збор за експлозија во 1908 во Русија. Има разни теории за причината за експлозијата. Некои тврдат дека станува збор за метеорит кој влегол во атмосферата и експлодирал пред да падне на Земјата. Енергијата што се ослободила при експлозијата е еднаква на 185 атомски бомби како онаа фрлена на Хирошима. По експлозијата немало кратер, но експлозијата ја оштетила природата и до денес во тој регион не растат дрвја.

Дестинација Уран

Во 1986 г. НАСА успеала да ѝ се приближи на планетата Уран, првпат во историјата. Уран е најстудената планета во нашиот Сончев Систем, иако не е најдалеку од Сонцето. Научниците откриле дека причината за ова е недостигот на внатрешен греен извор на планетата.

Ерупцијата на Тоба

Ерупција на супервулканот Тоба пред околу 74.000 години предизвикала масовно изумирање на растенија и животни. Чадот од ерупцијата ја блокирал сончевата светлина. Оттогаш езерото Тоба на островот Суматра претставува најголемото езеро во кратер во светот. Се претпоставува дека луѓето ја преживеале ерупцијата во одредени места што биле помалку погодени.



Фото: Wikipedia

Танцувачка чума

Овој необичен настан од 16 век се случил во Стразбур. Околу 400 луѓе со денови танцувале неконтролирано на улиците. Секојдневно умирале по околу 15 луѓе од умор или срцеви удари. Феноменот не може да се објасни, иако има теории. Една теорија е дека причината за појавата бил страшниот животен стандард на сиромашното население во градот.


Фото: Pixabay

Ураганот „Катарина“

Овој ураган е уникатен бидејќи е првиот што стигнал до Јужна Америка.

Извор: brightside.me