„Скајп“ овозможува видеоразговори без претходно најавување на платформата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
И „Мајкрософт“ е една од компаниите што одлучија да им помогнат на корисниците што се во самоизолација.
Сега, „Скајп“, платформа што му припаѓа на „Мајкрософт“, овозможува видеоповици без потреба да се најавувате. Всушност, на „Скајп“ ни домаќинот (host) не треба да се пријави, ниту да инсталира нешто на својот уред.
Новата опција наречена „Мeet now“ е достапна на
веб-страницата на „Скајп“, со повикување на соговорникот. За корисниците што веќе имаат инсталирано „Скајп“ апликацијата може да се користи во самата платформа.
Од другите функции на оваа опција вреди да се напомене дека видеолинковите што се споделуваат со другите корисници немаат временски рок, видеоповиците не се ограничени, постои можност за размена на пораки паралелно со видеоразговорот и многу опции за корисниците, како што е замаглување на заднината доколку не сакате да се гледа просторијата во која се наоѓате.
Фото: Facebook