„Епл“ планира да го прошири производството на „ајфон“ во Бразил за да избегне високи царини

„Епл“ планира да го прошири производството на „ајфон“ во Бразил за да избегне високи царини

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Епл“ планира да ги прошири своите производствени погони во Бразил за да го ублажи влијанието на новите царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, пишува бразилскиот весник „Егзим“ повикувајќи се на сигурни извори.

Имено, најавените царини на Трамп вклучуваат 34 отсто за кинески и 26 отсто за индиски увоз, што значително влијае врз „Епл“, кој голем дел од своето производство на хардвер го врши во тие две земји. Со цел да се избегне дополнителни трошоци кои на крајот би биле на товар на потрошувачите, компанијата планира дел од своето производство да го префрли во Бразил, каде што увозната давачка е 10 отсто.

Компанијата „Епл“ наводно започнала со подготовки во 2024 година и веќе ги добила сите потребни сертификати за склопување на „ајфон 16“ во Бразил во соработка со „Фокскон“. „Ајфон 13“, „ајфон 14“ и „ајфон 15“ веќе се произведуваат во бразилската фабрика лоцирана во градот Џундаи.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik