Трамп воведува царини на островите населени само со пингвини и фоки
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Трговските царини воведени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп погодија некои изненадувачки локации, како што се островите Херд и Макдоналд, на кои живеат исклучиво пингвини и фоки.
За оваа оддалечена австралиска територија во Јужниот Океан, која се наоѓа на 1.630 километри од Антарктикот, воведена е царина од 10 отсто.
Според податоците на САД, во 2024 година немало трговија помеѓу овие острови и Америка.
Извор:
BBC
Фото: Screenshot/BBC