Еве која европска земја има најевтино гориво
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Најевтино гориво во регионот, но и во Европа има Република Српска, каде што цената за литар бензин и дизел е едно евро. Во Федерацијата Босна и Херцеговина литар бензин е 1,09 еврo, а дизелот 1,07 евро.
Кога станува збор за Македонија, цената на „евросупер 95“ е 1,19 евро, на „евросупер 98“ е 1,23 евро, а на
дизелот 1,06 евро, што значи дека нашата земја би се нашла веднаш зад
БиХ на листата со најевтини горива.
Истовремено, во Србија бензинот е 1,29 евро, а дизелот е 1,36 евро.
Цената на литар бензин во Хрватска е 1,43 евро, а за литар дизел е 1,36 евро. Во Црна Гора цените се 1,41, односно 1,30 евро, додека во Словенија 1,36 и 1,30 евро.
Литар бензин во Албанија чини 1,44 евро, а дизелот чини 1,42 евро. Во Грција цените се 1,65, односно 1,31 евро, а во Италија литар бензин чини 1,64 евро, а дизел 1,52 евро.