Црната комедија „Налепница“ на Георги Унковски освои награда за најдобар краток филм на „Бруклин филм фестивал“

Црната комедија „Налепница“ на Георги Унковски освои награда за најдобар краток филм на „Бруклин филм фестивал“

Црната комедија „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски освои награда за најдобар краток филм на „Бруклин филм фестивал“ во Њујорк. Филмот е во продукција на Cinema Futura. Се работи за црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола тргнува на пат и запаѓа во серија проблеми. Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, а во филмот настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски.



Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата ја изработи Кирил Спасевски, костимите Розa Трајческа, а маската и шминката за главниот лик - Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Се очекува својата премиера филмот да ја има во првата половина на 2019. Проектот е поддржан и финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.