Само 38 од најголемите 500 американски компании ги водат жени, и тоа е рекорд

Само 38 од најголемите 500 американски компании ги водат жени, и тоа е рекорд

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Линда Рендл штотуку стана главен извршен директор на компанијата „Клорокс“, а со тоа го зголеми бројот на жени-извршни директори на најголемите 500 компании во САД. Сега 38 компании на оваа листа од „Форчун“ се водени од жени, а тоа е рекорд, иако бројот претставува мал процент.


Фото: Freepik

Рендл работела во „Клорокс“ 17 години и ќе започне со новата работа на 14 септември. Бројот на жени-извршни директори на најдобрите компании според „Форчун“ официјално ќе изнесува 38 по овој датум.

На листата со најдобри компании имало жени-извршни директори во последните 48 години. Кетрин Греам, поранешна извршна директорка на „Вашингтон пост“, станала првата жена-извршен директор на листата во 1972.


Фото: Кетрин Греам/Wikipedia

Кога станува збор за функцијата извршен директор водена од Афроамериканци, бројката е помала од 1% од вкупниот број. Само три жени на листата со извршни директори на најдобрите компании не се бели.

Оваа година повеќе жени се нашле на листата, но истовремено некои извршни директорки се пензионирале.

Автор: Алексис Бенвенист
Извор: Си-ен-ен