Колумна: Религијата и потребата од неа во современото образование

Колумна: Религијата и потребата од неа во современото образование

Со веронауката децата ќе добијат верско образование, но ќе се изградува и нивната личност. Децата ќе научат како да се однесуваат со своите другарчиња, како да се разбираат и почитуваат. Брзото темпо на живеење наметнува време на посветеност на едни кон други, со веронауката ќе го сфатат значењето на семејството, хуманоста, пријателството и љубовта

Пишува: Владанка Д. Урошева, одделенски наставник.

Во човечкото живеење денес се појавија многу проблеми. Повеќето од нив се израз на нарушените односи меѓу луѓето. Најчето се предизвикани од негативните човечки дела со кои човекот несвесно или свесно предизвикува лоши состојби. Но, тука се и погрешните политички системи од минатото. Со цел да ги остварат своите цели се повредувала правдината на животот.

Како последица на погрешните постапки од минатото се уништило разликувањето меѓу доброто и злото. Животот во заедницата бара од човекот да има познавање на многу работи. Заедницата треба да биде добро организирана за да можат луѓето да се чувствуваат задоволни. Пред сè човекот треба да се научи да прави добро. Во сечија глава треба да одѕвонува поуката од македонскиот учител Свети Климент Охридски ,,Тргај се од злото и прави добро“.

Но, сега се поставува прашањето: Како да се научи човекот да го разликува злото од доброто?

Луѓето мора да станат морални и да постапуваат добро. Ако луѓето се морални, а со тоа и добри, а моралот е дел од етиката, тоа би значело дека треба да се изучува оваа наука.

Но, во историјата како и останатите правци од филозофијата и етиката биле дел од теологијата. Но, ако се нвлезе понатаму во анализирање, најчести најдолговечнии најраширени морални норми се ,,десетте божји заповеди“ и го даваат за пример за совршена личност Исус Христос.
Тогаш логично е размислувањето дека за доброто треба да се учи и во веронауката, а таа да биде дел од воспитно-образовниот процес.

Зошто на децата им е потребна веронауката?


Со веронауката децата ќе добијат верско образование, но ќе се изградува и нивната личност. Децата ќе научат како да се однесуваат со своите другарчиња, како да се разбираат и почитуваат. Брзото темпо на живеење наметнува време на посветеност на едни кон други, со веронауката ќе го сфатат значењето на семејството, хуманоста, пријателството и љубовта. Традиционалната црква и верски заедници го негуваат убавото изразување - ораторството. Со веронауката учениците ќе научат и за верските празници како дел од својата религија. Со оваа наука учениците ги запознаваат и останатите религии, па на овој начин би се развила и толератноста. Со стекнувањето на верска култура може полесно да разберат различни проблеми и области од психологијата, филозофијата, историјата. Едуциран човек не може да биде тој што не си ја познава својата верска традиција и традицијата на другите религии.

Дали треба да се изучува религијата?


Македонскиот училиштен систем се темели врз модерната европска педагогија и тежнее кон промени. Несомнено е дека религијата е сè уште актуелно прашање, а истовремено и табу-тема како за училишниот систем, така и за општеството во смисла дали треба да се прифати или не како дел од училиштето.

Во нашето општество сè уште владее мислењето дека ,,Кога ќе порасне детето може само да одлучи дали му е потребна едукација од религија“. Што ќе се случи ако кај детето се отвари некое прашање од верата и бара веднаш одговор? Ако не му одговори возрасниот тоа може да го формулира одговорот од материјалот што го опкружува (пропаганден материјал, интернет...), но дали ќе биде вистинскиот точен одговор?

Нашето несакање да зборуваме за тоа прашање може да доведе до сериозни последици. Пред сè, тоа е поврзано со сложеноста на духовниот свет. Како причина за не воведувањето на веронауката во училишниот систем се споменува фактот дека црквата и државата се одделени, но ако Македонија го темели својот училиштен систем на модерната европска педагогија треба да се спомне фактот дека во сите демократски земји (Русија, Шведска, Ирска, Данска, Грција, Германија...) веронауката е дел од нивниот училиштен систем.

Јасно е дека воспитанието и образованието делуваат на личноста на човекот. Но, дали личноста може да биде целосна без изучување на религијата? Одговорот може да биде различен, а тој зависи од уверувањето на тој што го дава одговорот.

Секој што има право на образование со тоа и се подразбира и стекнување на знаење од верата. Религијата има голема и значајна улога во изградување на морална и свест на човекот. Верата секогаш се залага за универзалните идеи и вредности за постоењето на националните вредности затоа треба да биде дел од воспитно-образовниот процес.

А ние Македонците тоа треба добро да го знаеме зошто нашите Св. Кирил, Св.Методиј, Св Наум, Св Климент се личностите кои произлегуваат од редовите на црквата, но делувале во културата во науката во бранењето и опстојувањето на нашето културно национално богатство.

Тоше, нашиот ангел често именуван како Божјото дете, нè научи дека со вербата во верата треба да бидимме чисти во душата, полни со љубов,хуманост, и разбирање за сите.

Религијата ни помага да се разбереме себеси и другите, но и светот во кој сите ние живееме.