Тито одбивал да јаде само една намирница
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито важел за голем хедонист. Иако се опуштал со виски „Chivas royal solute“ старо 20 години и пушел цигари од Хавана, кога станувало збор за храна, не бил пребирлив.
Како што тврди неговиот последен батлер Јоже Осели во книгата „Последните денови на Тито“, на југословенскиот претседател секогаш му сервирале различно
месо, прилози и салати, а тој сам си ставал храна во чинијата.
Донесовме полжави, а тој рече: „О, не, јас баш не би јадел полжави“ - откри славниот словенечки готвач, кој заедно со сопругата седум и пол години се грижел за храната на претседателот и за приемите во неговата резиденција во Брдо кај Крањ, Словенија. Тито ја обожавал загорската кујна, а пред сè штруклите. Од месо сакал говедско, а утрото го започнувал со кратко еспресо без шеќер.
Кога во Северна Кореја за подарок добил чај од корен од женшен, почнал со ритуал на пиење на оваа напивка пред спиење. Пиењето на овој чај во Азија е практика позната повеќе од 5.000 години, а неговите благодати се многубројни: ја подобрува општата состојба на организмот и менталната активност, а превентивно дејствува и против многу болести.
Извор:
Buka
Насловна фотографија: Wikipedia