Кои документи ви се потребни за упис на факултет?
Подготвил:
Јована Трајковска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Од денеска факултетите при Универзитетот УКИМ во Скопје почнуваат да ги објавуваат конечните ранг-листи за прием на кандидатите. Потоа, на 12 и 13 септември, идните студенти се должни да ги поднесат своите документи физички до факултетите.
Согласно Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година, студентите што се примени треба да поднесат:
1. Индекс, студентска легитимација и пријавни листови;
2. Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3);
3. Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот - носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.
Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.
Идните студенти треба да знаат дека при уписот треба да ја платат и првата рата од партиципацијата, а во зависност од факултетот, можни се и дополнителни трошоци, на пример, 700 денари за водич низ студиите и слично. За да се информирате дали има такви трошоци, ќе треба да си проверите на страницата на факултетот на кој се запишувате.
Во продолжение можете да видите пример како се пополнува уплатница за ИКСА:
Фото: Филолошки факултет
Преку фотографијата и линковите во продолжение можете да се информирате за плаќањето административна такса:
Фото: Градежен факултет