Овој уметник од Шри Ланка црта единаесет цртежи одеднаш

Овој уметник од Шри Ланка црта единаесет цртежи одеднаш

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Повеќето од нас не можат да нацртат еден пристоен цртеж, но еден неверојатен уметник од Шри Ланка може да направи единаесет одеднаш.

Неговото име е Шамика Химеш Илангаратна, а видеото што ги прикажува неговите уникатни техники, кои вклучуваат користење на неговите стапала, уста и разни алатки за домаќинство, стана вирално на социјалните мрежи.

- Досега цртав со два, четири и единаесет моливи... Тоа е како еден вид медитација, ми го смирува умот - вели 21-годишниот Шамик.



Извор: BBC
Фото: BBC/Screenshot