Видео од метеор што експлодира над Земјата направено од Меѓународната вселенска станица

Видео од метеор што експлодира над Земјата направено од Меѓународната вселенска станица

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ново видео од гледна точка на астронаут во вселената прикажува светлозелена експлозија над Земјата додека метеор експлодира на ноќното небо.

Астронаутот Метју Доминик од НАСА, командант на мисијата „Спејс екс кру-8“, сподели ново тајмлепс видео направено од Меѓународната вселенска станица додека минувал над Каиро, Египет. Доминик снимил светлозелена огнена топка која експлодира во понеделникот.

Експлозијата е создадена од метеорот кој влегол во атмосферата на Земјата и изгорел.

Доминик сподели две верзии од видеото. Во првата објава тајмлепсот беше забавен до една слика во секунда нудејќи подетален поглед на метеорот додека се провлекуваше низ небото, а потоа експлодира.

Извор: Space.com
Фото: NASA/Matthew Dominick