Само четири европски земји се под критичниот праг на заразени со Ковид-19
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ситуацијата со заразени со Ковид-19 не е критична само во четири европски земји во моментов, според прагот за аларм на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
Прагот за аларм на ЕЦДЦ е 20 заразени лица на 100.000 луѓе во просечно седум дена. Кога ќе се надмине овој праг, ризикот за заболување од Ковид-19 е висок. Четирите земји што не го надминуваат прагот во моментов се Германија (18,4 случаи на 100.000 луѓе), Финска (15,5 случаи на 100.000 луѓе), Кипар (14,6 случаи на 100.000 луѓе) и Норвешка (13,9 случаи на 100.000 луѓе).
Фото: Берлин/Pixabay
Од друга страна, земји со најмногу случаи се Чешка (167,6 случаи), Холандија (140,3 случаи) и Франција (120,3 случаи).
Агенцијата вели дека се забележува пораст во бројот на ново
заразени лица и стапката на смртност расте во 27 европски земји. Во меѓувреме, повеќе европски земји ги засилуваат мерките за безбедност. Во Исланд се забранети собирањата и се затворени некои локали, а Чешка е во вонредна состојба. Делови од Париз, Франција и Берлин, Германија, се означени како ризични зони.
Автор: Ејми Вудијат и Џејмс Фратер
Извор:
Си-ен-ен