Математиката во најпознатиот цртеж на Леонардо да Винчи
По речиси 500 години од неговата смрт, сè уште се восхитуваме на многуте постигнувања на Леонардо да Винчи во сликарството, скулптурите, архитектурата, науката и во другите полиња. Некои од неговите дела се зачувани на хартија. Ако сте погледнале некој цртеж на Леонардо, тогаш тоа најверојатно е „Витрувианскиот човек“.
Студиите на Да Винчи за пропорциите на човечкото тело се всушност пресек помеѓу уметноста и математиката, нешто на кое Леонардо посветил голем период од животот. Видеото на „ТЕД“ се осврнува на геометриското, религиското и филозофското значење на овој цртеж, според кој се смета дека папокот го претставува центарот на човечкото тело, а доколку некој земе компас и го постави на фиксна точка на папокот, може да биде исцртан совршен круг околу телото.
Исто така, цртежот пренесува порака дека распонот на раката и висината имаат речиси совршена кореспонденција во човечкото тело. Да Винчи гледал порамнување помеѓу анатомијата и географијата, тргнувајќи од поимот дека објектите и другите дела на човекот можат исто така да се водат според овие пропорции. Леонардо го искористил „Витрувианскиот човек“ за да посочи кон едно можно решение за користење на човечкото тело.
Можете да научите повеќе за значењето на неговото
дело од документарниот филм на Би-би-си кој е достапен на „Јутјуб“. Во видеото се вели дека неговото дело потенцира една идеја – дека математиката ги поддржува и природата и светот создаден од човекот. Се работи за синтеза на архитектурата, анатомијата и геометријата. Но, совршеноста и елеганцијата на решението на Леонардо се всушност она што го прави ова дело прекрасно.