Избираме најстудентски оброк од најмногу 4 намирници!
Студенти, што ќе ручате денес? Можеби ќе сакате да го снимите процесот на подготвување на оброкот и да ни го испратите?
Ајде да го избереме најстудентскиот оброк од најмногу 4 намирници. Ги повикуваме сите студенти да го постават телефонот до шпоретот и да ни испратат кратко видео.
Најдобриот ќе добие и подарок - ваучер од 4.000 денари.
Кои се условите за учество во натпреварот?
-Да сте студент на додипломски студии на кој било факултет во земјава;
-Да ни испратите кратко видео (не подолго од 90 секунди) од приготвувањето на вашиот омилен оброк од најмногу 4 намирници;
-Да ни го напишете рецептот;
-Да нè следите на
„Инстаграм“.
Видеата ќе бидат објавени на нашиот профил на „Инстаграм“ и оној што ќе има најмногу лајкови на видеото ќе биде добитник на подарокот.
Напоменуваме дека во намирници спаѓаат продуктите како овошје, зеленчук, тестенини, брашно, јајца, месо, млеко, чиа семе и слично, но не и зачини, засладувачи, зејтин, оцет.
Можете да приготвите појадок, ручек или вечера, но може да направите и некој десерт, нема ограничувања.
Еден студент може да испрати едно видео.
Подарокот ќе може да се подигне само со индекс!
Видеата заедно со лични податоци (име и презиме и на кој факултет студирате) и пишаниот рецепт може да ги испраќате на redakcija@fakulteti.mk од денес, 7 ноември, до 18 ноември 2022 година, петок (најдоцна до 14 часот). Гласањето ќе трае до 25 ноември 2022 година, кога точно напладне ќе го објавиме победникот. Видеата ќе ги објавуваме без лични податоци!
ВАЖНО: Видеата што ќе пристигнат по 14 часот во работен ден ќе бидат објавени наредниот ден, а оние што ќе ги испратите во викенд ќе бидат објавени во понеделникот.