Земји со најмногу локации заштитени од УНЕСКО
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во Италија и во Кина има најмногу локации заштитени од УНЕСКО во светот. Во секоја од овие две земји има по 55 локации што се сметаат за светско наследство. Тука се градовите Рим и Фиренца во Италија, како и Кинескиот ѕид и Забранетиот град во Кина.
На листата со заштитени локации од УНЕСКО се наоѓаат 1.121 локација во 167 земји.
Земји со најмногу локации заштитени од УНЕСКО
Италија - 55
Кина - 55
Шпанија - 48
Германија - 46
Франција - 45
Индија - 38
Мексико - 35
Велика Британија - 32
Русија - 29
САД - 24
Иран - 24
Автор: Катарина Бушолц
Извор:
weforum.org
Насловна фотографија:
Pixabay