Подвиг на докторите од нишката клиника за кардиохирургија: Пациентите повеќе нема да чекаат операција, туку клиниката ќе чека пациенти!

Подвиг на докторите од нишката клиника за кардиохирургија: Пациентите повеќе нема да чекаат операција, туку клиниката ќе чека пациенти!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Клиниката за кардиохирургија во Ниш вчера успеа да ја елиминира не само листата на чекање, туку и списокот на закажување.

Оваа вест беше објавена од доктор Драган Милиќ, директор на нишката клиника.

Лекарите на Клиниката за кардиохирургија во Ниш ѝ станаа познати на јавноста кога цела држава и регион дозна за нив поради една нивна постапка.

Имено, тие решија да направат потег поради кој може да се каже дека во целост исполнуваат сѐ за што се заколнале во Хипократовата заклетва. Имено, кардиохирурзите и другите лекари од клиниката решија да ги оперираат пациентите без никаков надомест и за време на викендите, со цел да ги намалат листите на чекање, кои беа премногу долги.

Извор: Nova.rs
Фото: Тwitter