Колку луѓе се потребни за да се произведе една шолја кафе?
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Колку луѓе се потребни за да се направи една шолја кафе? За многумина, потребно е само кратко пешачење до кујната, но оваа напивка е резултат на процес кој е многу покомплициран и поскап отколку што мислите, а вклучува луѓе од различни делови од светот.
Патот почнува од Колумбија и други земји во кои се произведува кафето.
Работниците го берат кафето, а следува процес на наводнување и сушење на зрната, по што тие се мелат или се подготвуваат за извезување како зрна.
Тука не завршува процесот. Експертите го оценуваат кафето според квалитет и вид, а потоа се врши преносот на кафето до државите низ светот. Понатаму, зрната кафе се печат и се мелат.
Потребни се стотици луѓе за да се произведе една шолја кафе, без да се земат предвид сите луѓе што се вклучени во инфраструктурата потребна за производство.
Целиот животен циклус на кафето е одлично илустриран во видеото во продолжение.
Извор:
TED-ed
Фото: Pixabay