Решена мистерија стара речиси 200 години: Познато е што предизвикало ладење на Земјата во 19 век

Решена мистерија стара речиси 200 години: Познато е што предизвикало ладење на Земјата во 19 век

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

По речиси 200 години научниците успеаја да откријат што ја оладило Земјата во 19 век. Станува збор за „мистериозен вулкан“ што еруптирал во 1831 година толку експлозивно, што ја оладил климата на Земјата.

Ерупцијата била една од најмоќните во 19 век, исфрлајќи толку многу сулфур диоксид во стратосферата што просечната годишна температура на северната хемисфера паднала за околу еден степен.

Годината на оваа историска ерупција била позната, но не била позната локацијата на вулканот. Научниците неодамна успеаја да ја решат мистеријата земајќи примероци од ледените јадра на Гернланд, истражувајќи ги минатите јадра за да ги испитаат изотопите на сулфур, зрната пепел и ситните парчиња вулканско стакло наталожени помеѓу 1831 и 1834 година.

Тие ја поврзале ерупцијата од 1831 година со островски вулкан во северозападниот дел на Тихиот Океан.

Според анализата, мистериозниот вулкан всушност бил вулканот Заварицски на островот Симушир, дел од архипелагот Курилски Острови, област за која спорат Русија и Јапонија. Пред откритието на научниците, последната позната ерупција на Заварицки била во 800 година пр.н.е.

- Имаме слабо разбирање за еруптивната историја на голем дел од вулканите на Земјата, особено оние во изолираните области. Заварицки се наоѓа на екстремно изолиран остров меѓу Јапонија и Русија. Таму нема население, а историскиот запис е ограничен на неколку дневници од бродови кои минувале на овие острови на секои неколку години - објаснува водечкиот автор на истражувањето, д-р Вилијам Хачинсон, научен соработник на Колеџот за науки за земјата и животната средина при Универзитетот „Св. Ендрјус“ во Обединетото Кралство.

Извор: CNN
Фото: Oleg Dirksen