„Скип-ген“ е најновиот тренд во туризмот што придонесува за семејно единство и заемна среќа
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Скип-ген“ е новиот тренд на патување во кој бабите и дедовците патуваат со своите внуци, но без нивните родители. Овој феномен стана исклучително популарен поради неговите многубројни придобивки и за децата, и за бабите и дедовците, и за родителите.
Придобивки за секого
Бабите и дедовците имаат можност да поминуваат квалитетно време со своите внуци, создавајќи посебна врска што понекогаш е тешко да се постигне кога родителите се во близина. Ваквите патувања им овозможуваат да се релаксираат и да уживаат во дружењето со најмладите.
Внуците уживаат во вниманието и љубовта од бабите и дедовците со оглед на тоа што тие имаат повеќе трпение и време за децата. Овие искуства можат да бидат исклучително корисни за нивниот емоционален развој.
Родителите добиваат шанса да се одморат и да се релаксираат бидејќи бабите и дедовците се грижат за нивните внуци. Ова може да биде совршен начин родителите да закрепнат од стресот на животот и обврските.
Зошто „скип-ген“ стана популарен тренд на патување?
Зголемен број баби и дедовци во пензија: бејби-бумерите сега влегуваат во пензија, со што имаат повеќе време и слобода за патување.
Во текот на пензионерскиот живот многу баби и дедовци сакаат да поминуваат време со внуците, а овој вид патување им овозможува да ја комбинираат љубовта кон семејството и желбата за патување.
Помалку внучиња во семејството: денес семејствата се помали, па бабите и дедовците можат да му посветат повеќе внимание на секое внуче. Поради помалите семејства, патувањето со еден или двајца внуци станува полесно и подостапно.
Повеќе време и пари: пензионираните баби и дедовци често имаат повеќе време и пари од вработените родители, кои се зафатени со секојдневните обврски. Ова им овозможува да патуваат со своите внуци и да им овозможат незаборавни искуства.
Помалку можности за посети: поради големата оддалеченост меѓу семејствата, бабите и дедовците не можат да ги гледаат своите внуци секој ден, па овој вид патување е одличен начин за поврзување со внуците ако бабите и дедовците живеат далеку од нив.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Pexels