Погледнете филм од 1896 година во 4К-резолуција и во боја

Погледнете филм од 1896 година во 4К-резолуција и во боја

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Немиот филм „Пристигнување на воз на станицата Ла Сиота“ (L'Arrivée d'un train en gare de La Ciotat) на браќата Лимиер е направен во дамнешната 1896 година. Со помош на вештачката интелигенција денес можеме да го гледаме во боја и во 4К-резолуција.

Урбаната легенда вели дека кога филмот првпат бил претставен пред публиката, луѓето биле толку изненадени што некои врескале и се обидувале да избегаат од возот што доаѓал.



Денес, 124 години подоцна, Денис Ширјаев ја искористил вештачката интелигенција за да го подобри оригиналниот филм и го трансформирал во импресивна 4К 60fps снимка.

Комбинацијата на програмата DAIN и Гигапиксел АИ била користена за анализа на оригиналните снимки и пронаоѓање детали и структури со кои би требало да се комплетира сликата.

Оваа технологија помага да се изострат и подобрат оригиналните снимки, како и да се додадат пикселите што недостигаат. Импресивно.

Погледнете ја 4К-снимката.