Трик за заштеда што освои многумина: Со помош на коверти заштедете 5.000 евра за година дена
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Методот наречен „100 коверти“ стана главен трик за штедење пред сè затоа што е интересен, но и универзален начин да ги заштедите парите. Ако им се верува на оние кои го пробале, овој метод ви помага да заштедите 5.000 евра за 12 месеци.
Иако името вели коверти, не мора да се служите со коверти - можете и со хартија. Оваа техника ја смислил американскиот личен финансиски советник Дејвид Лоренс Ремзи, и тоа откако сфатил дека дома има многу работи што само „собираат прашина“, односно дека постојано купува работи што не му требаат.
Ако планирате да
штедите оваа година, тогаш ќе мора да се откажете од некои потенцијални трошоци. Поентата на овој трик е на ковертите, односно хартијата, да ги напишете броевите од 1 до 100. Изберете еден ден во неделата, а потоа и секоја седмица, да извлечете по два коверта/ливчиња. Износот што ќе го извлечете треба да го претворите во евра и тие пари да ги оставите настрана.
На пример, ако сте ги извлекле броевите 5 и 20, тој ден треба да оставите настрана 25 евра.
Фото: Freepik
Ако имате пониски примања, а сакате да го пробате предизвикот, тогаш преполовете го износот и напишете броеви од 1 до 50. Предизвикот ќе трае помалку од шест месеци и на крај треба да имате заштедено 1.275 евра.
Парите што ги чувате настрана треба да ги ставате во еден коверт, а ако се придржувате кон целиот циклус, на крајот треба да соберете точно 5.050 евра.
Извор:
Dailymail.co.uk
Фото: Freepik