„Хоризонтално виножито“ го исполни небото над езеро во Вашингтон
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Доколку ви е потребна причина за насмевка, можеби ќе ја пронајдете во следната фотографија. Станува збор за фотографија направена од страна на Цесна Куц.
На фотографијата се гледа езерото Самамиш во Вашингтон. Она што ја прави фотографијата уникатна се боите на виножитото, кои може да се видат на фотографијата. Сепак, не станува збор за фотографија од виножито.
Фото: Instagram
Според метеорологот Кортни Обергфел, станува збор за оптичка илузија која се јавува кога сончевата светлина се прекршува во замрзнатите кристали во атмосферата. Ваквата оптичка илузија создава разнобојни линии под нивото на Сонцето.
Куц ја споделила
фотографијата со целиот свет и веднаш станала популарна на социјалните мрежи.
- Искрено, не претпоставував дека фотографиите ќе стигнат до вестите. Само сакав да споделам прекрасен момент кој го доживеав - вели Куц.
Извор:
mymodernmet.com