Пристигна „Квиби“ - нова платформа за кратки видеа

Пристигна „Квиби“ - нова платформа за кратки видеа

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Пристигна новата платформа за видео „Квиби“. Станува збор за платформа на која ќе се нудат серии со кратки епизоди. Рис Витерспун и Криси Тиген се некои од познатите лица што имаат серии на оваа платформа.

Користењето на платформата со реклами чини 4,99 долари месечнo, додека искуството без реклами се наплаќа 7,99 долари месечно. Платформата е бесплатна за користење првите 90 дена. Сите содржини се пократки од пет минути, а рекламите се ограничени на 6-10 секунди. 



Фото: Quibi

Платформата е достапна само за мобилните телефони, а содржината може да се гледа хоризонтално или вертикално. На неа има комедии, драми, реални шоуа и вести. Првата година ќе има околу 7.000 епизоди на „Квиби“.

Платформата е достапна за двата оперативни система, но само во САД и во Канада. Компанијата планира да се прошири и во другите земји во иднина.
 
Извор: refinery29.com