Студентите што слушаат класична музика додека учат и спијат се подобри на испитите

Студентите што слушаат класична музика додека учат и спијат се подобри на испитите

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Студентите што слушале класична музика од Бетовен и од Шопен за време на предавање по микроекономија, а потоа ја слушале музиката и во текот на ноќта, имале подобри резултати на тестот следниот ден од оние студенти што не ја слушале музиката додека спиеле.

Меѓутоа, кога студентите полагале сличен тест девет месеци подоцна, не биле забележани разлики. Сите студенти имале помалку од 25% точни одговори на тестот.


Фото: Pixabay

Истражувањето било спроведено од лабораторијата за невронаука на спиење и когнитивност при Универзитетот „Бејлор“. Во него студентите што ја слушале музиката за време на предавањето и додека спиеле имале подобри резултати на тестот за 18% во споредба со другите студенти. Ефектите биле најголеми кај учесниците што имале поголема активност во предниот дел од мозокот додека спиеле.

Лошото спиење е проблем со кој се соочуваат многу студенти. Истражувањата покажуваат дека 60% од нив обично спијат помалку од препорачаните седум часа дневно.


Фото: Pixabay

Во истражувањето учествувале 50 студенти на возраст од 18 до 33 години, а биле искористени „Месечева соната“ од Бетовен, „Пролет“ од Вивалди и ноктурна на Шопен.

Експертите знаат и за таканаречениот Моцартов ефект, што е претпоставка дека студентите кои го слушаат Моцарт за време на учењето имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција. Истражувањата покажале дека овој ефект се јавувал само како последица на зголеменото чувство на возбуда поради енергетската музика.

Извор: eurekalert.org