Бафет заработи, a другите изгубија - по царините на Трамп, најпогодени се технолошките милијардери

Бафет заработи, a другите изгубија - по царините на Трамп, најпогодени се технолошките милијардери

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Пазарите низ светот забележаа драстичен пад поради царинските мерки што ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Њујоршката берза веднаш забележа пад уште при отворањето на првиот ден по објавата, а според податоците на Индексот на милијардери на Блумберг, само богатството на Ворен Бафет значително се зголеми.

Според овој индекс, нето-вредноста на Бафет, кој важи за еден од 10. најбогати луѓе во светот, се зголеми за 12,7 милијарди долари само во текот на 2025 година. За разлика од него, други милијардери како Илон Маск, Џеф Безос, Марк Закерберг и Бил Гејтс се соочија со сериозни загуби.

Воведувањето царини за кинеска стока и европски производи предизвика вистински шок на пазарите. Најпогодени беа токму технолошките милијардери, така што Илон Маск изгуби дури 130 милијарди долари од почетокот на годината, Џеф Безос загуби околу 45 милијарди, а Марк Закерберг околу 28 милијарди долари.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik