Oва е најгледаниот филм на „Нетфликс“ во моментов
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Филмот „Сè што посакував“ (англ. The Life List) е достапен на „Нетфликс“ од 28 март, а за само два дена успеа да се искачи на првото место на листата со најгледани филмови во целиот свет.
Станува збор за романтична комедија, жанр често наречен „драмедија“, чиј режисер и сценарист е Адам Брукс, а е снимена според истоимениот роман на Лори Нелсон Шпилман.
Приказната ја следи младата Алекс Роуз (Софија Карсон), која по смртта на својата мајка започнува да ги исполнува желбите од една листа што ја составила уште како дете. На тоа патување, таа се соочува со многу подеми и падови, открива семејни тајни, но и се заљубува.
Иако мислењата за филмот се поделени, многумина се согласуваат дека вреди да се погледне.
Еден дел од критичарите го опишуваат како топло и пријатно филмско остварување, додека други сметаат дека му недостига автентичност и енергија кои би го издвоиле од мноштвото слични приказни.
На веб-страницата IMDb, филмот во моментов има оцена 7,1, што укажува дека гледачите засега се прилично задоволни.
Извор:
Huffpost.com
Фото: Screenshot/YouTube