Запомнете ги добро бидејќи го менуваат светот од корен: Објавена листата со 13 жени на годината на „Тајм“

Запомнете ги добро бидејќи го менуваат светот од корен: Објавена листата со 13 жени на годината на „Тајм“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Како и секоја година, магазинот „Тајм“ прави листа со најуспешни жени кои ја обележале претходната година. Годинава на списокот има 13 жени. Некои ги знаете, а некои штотуку му станаа познати на светот...

Секоја година се избираат жени кои придонеле за подобрување на заедницата преку личен ангажман. Годинава 13 жени успеаја да укажат на суштински социјални проблеми и со личен пример да иницираат промени во општеството и пошироко. Во продолжение погледнете ја листата со 13 жени кои направиле големи промени и затоа заслужиле место на листата „Жени на годината“ на „Тајм“:

Жизел Пелико

Еден од најистакнатите борци за правата на жените, која јасно и гласно зборува за сексуалното насилство и со својот глас иницира промени во општеството, е Французинката Жизел Пелико. Таа со години трпела сексуално насилство од нејзиниот сопруг и други мажи.

Таа стана икона на феминизмот во Франција, а нејзиниот слоган „Срамот мора да ја смени страната“ беше поздравен од организациите за правата на жените низ светот.

Никол Кидман


Место на листата на „Тајм“ ѝ припадна и на познатата актерка Никол Кидман. Таа пред повеќе од осум години вети дека ќе соработува со најмалку една режисерка на секои 18 месеци, а оттогаш со нив има работено дури 19 пати. Ова им овозможи на жените во филмската индустрија да се пробијат до врвот на режисерската професија.

Аја Вилсон


Почесно место на оваа листа зазеде и професионалната кошаркарка Аја Вилсон. Со својот ангажман таа успеа да направи промени во овој „машки спорт“. Аја Вилсон беше прогласена за одбранбен играч на годината во 2022 година. Таа, исто така, го водеше својот тим до олимпиското злато во Париз.

Џордан Чилес


На листата на „Тајм“ се најде и Џордан Чилс. Американската гимнастичарка го освои златниот медал во екипна конкуренција на Олимписките игри во Париз.

Аманда Зуравски


Аманда Зуравски стана активист за репродуктивните права на жените, како и за правото на безбеден абортус. Откако за малку ќе умрела поради лошиот третман на лекарите, решила да го крене гласот против сите што го забрануваат правото на абортус на жената.

- Морав да чекам бебето да умре во мене или да ми се случи нешто лошо за да добијам соодветна грижа - рекла таа еднаш.

Покрај нив, на листата се најдоа и:

- пејачката Лафи,
- актерката Ена Саваџи,
- Клер Бабино-Фонтено, извршна директорка на компанијата „Фидинг Америка“,
- актерката Оливија Мун,
- Лаура Моди, коосновач и извршна директорка на компанијата „Боби“,
- екологистот Пурнима Деви Барман,
- Фату Балдех, која се залага за спречување на осакатувањето на женските гениталии,

- Ракел Вилис, активистка за правата на транс-луѓето од афро-американско потекло.

Извор: lolamagazin.com

Фото: Instagram