Момче-гениј ги чисти океаните од пластика

Момче-гениј ги чисти океаните од пластика

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Бојан Слат е 23-годишен холандски изумител кој почнал да гради инженерски проекти уште на 2 години и го импресионира светот кога на 14 години си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди поради неговите 213 водени ракети.

2

Во 2011 година, додека нуркал во Грција, тој забележал дека има повеќе пластика отколку риби. Одлучил да одвои време и да му помогне на океанот да се ослободи од загадувањето со пластика. Две години подоцна тој го основал „Океанско чистење“ и бил домаќин на ТЕДх говор каде што ја претставил својата идеја. Прво го тестирал системот во Јапонија, а подоцна се фокусирал на Големиот пацифички тепих од ѓубре, поставувајќи си цел да исчисти половина од пластичниот отпад во период од 5 години.

„Океанско чистење“ разви технологија што помага во чистење на пластичниот отпад од океаните. Откако во 2014 година собра над 2,2 милиона долари, организацијата лансира огромно истражување. Истражувањето го анализирало Големиот пацифички тепих на ѓубре. Користејќи ги добиените податоци, организацијата разви технологија и треба да го лансира првиот систем за расчистување во 2018 година.

Еве што се утврдило со истражувањето.

1
4

3
5