Амстердам тестира мали стаклени куќички за социјално дистанцирање при вечера во ресторани

Амстердам тестира мали стаклени куќички за социјално дистанцирање при вечера во ресторани

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Уметнички центар во Амстердам ќе служи вечера во мали стакленици за луѓето да можат повторно да јадат во ресторани и покрај правилата за социјално дистанцирање.

Центарот „Медијаматик“ во моментот ја тестира новата практика за јадење додека чека холандските власти повторно да ги отворат рестораните што беа затворени од 16 март поради пандемијата на коронавирусот.

- Короната сега нè тера да размислуваме покреативно - вели директорот на центарот, Вилем Велтовен.

- Порано ги користевме овие мали стакленици за уметнички проекти, па помисливме да видиме што ќе се случи ако седнеме во овие мали места, дали ќе се чувствуваме добро и дали можеме да ги послужиме гостите на безбеден начин. И навистина помина добро - додава тој.

Сместени покрај канал, петте мали стаклени куќички имаат тркалезна маса и две столчиња - совршено за луѓе кои сакаат повторно да излезат кога рестораните ќе се отворат, но не се чувствуваат пријатно да се во преполни ресторани.

amsterdam
Фото: Robin VAN LONKHUIJSEN

- Метежот и големите групи веројатно ќе бидат надвор од мода некое време, но, сепак, ваквите социјални ситуации и уживањето во нештата заедно е нешто по кое копнееме сево ова време - вели Велтовен.

Келнерите ќе ја подаваат храната од надворешната страна и ќе носат заштитна опрема.

- Стаклениците се толку мали, што нема да ги собере келнерите внатре - вели Велтовен.

Извор: France24.com