Сега имате можност онлајн да уживате во цутењето на дивите цвеќиња од целиот свет
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Многу области низ целиот свет се прекриени со разнобојни диви цвеќиња во овој период од годината, но поради ограничувањата, не можеме лично да ги видиме.
Но, утеха ни е фактот што интернетот ни нуди уникатна можност да уживаме гледајќи го нивното цветање онлајн.
Националниот фонд во Велика Британија создаде 20-минутно вирутелно видео од цветањето на ѕвончињата, користејќи свои архивски видеа. Речиси половина од овој вид цвеќиња во светот растат во Велика Британија. Топлото време предизвика тие порано да расцутат во многу области, а вие сега можете да уживате во бавните ТВ-снимки од цвеќињата.
Годишното цутење на булките во кањонот Вокер во Калифорнија привлекува голем број туристи, но сега оваа област е затворена за јавноста. За да охрабри социјално дистанцирање, овој град постави камери во живо на самото место за гледачите да можат да уживаат во цутењето на булките.
Тука можете да уживате во глетката.
Фото: Screenshot/YouTube
Градот Вашингтон, пак, ги охрабрува луѓето да уживаат во цутењето на црешите преку онлајн-посета. Можете да ја посетите нивната „блумкамера“
тука и да видите каква
тура нуди Националниот фестивал на цутење на црешите.
Фото: Pixabay
Во моментот во паркот „Хијачи“ во Јапонија цутат цветовите на цвеќето немофила, познато и како „бејби-блу очи“. Бидејќи паркот е затворен за јавноста, направени се
фотографии што прикажуваат 5,3 милиони цвеќиња во нивниот цут.
Во овој период од годината
Холандија обично е прекриена со прекрасни лалиња. Овогодишната цветна изложба „Кеукенхоф“ мораше да биде откажана, но беше лансирана виртуелна. „Кеукенхоф виртуали опен“ нуди серија видеа што покажуваат како изгледаат паркот и градината, вклучувајќи и видео од прекрасни зумбули и од лалињата.