На мозокот му требаат три различни видови одмор

На мозокот му требаат три различни видови одмор

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Долго се зборува за важноста на балансот помеѓу работата и приватниот живот. На сите ни е потребен одмор, а експертите препорачуваат три различни видови одмор од работните обврски.

Отстранување на мислите за работата

Постојаното фокусирање на работата, особено доколку се концентрирате на еден ист проблем, може да биде заморно. Одморот од работа може да ви помогне и во решавањето на работните проблеми бидејќи ви овозможува да добиете нова перспектива. Пред сè, се менува начинот на кој гледате на проблемот и го помните, а тоа дава можност за учење нови информации и за подобрување.

Одмор од обврските

Многу работни обврски бараат проактивна работа, па затоа мора да се фокусирате на клучните елементи од работата и да одбегнете непотребни активности. Фокусирањето на најважното може да биде тешко и напорно, па затоа се чувствувате уморни на крајот од неделата. Кога сте на одмор, треба да одморите од ваквите активности со правење работи кои од вас нема да бараат контрола.


Фото: Pixabay

Активностите како гледање филм или слушање концерт помагаат бидејќи луѓето не мора да донесуваат одлуки, туку други лица одредуваат за што ќе мислите додека го гледате филмот. Дури и слушањето аудиокнига на крајот на денот може да ве одмори од ваквите работни обврски.

Одмор за смирување

Трет извор на ментален замор е анксиозноста, што е реакција на можните закани во светот. Доколку стресот влијае врз вашата работа, но и врз вашето здравје, правете активности кои ќе ве смират, како медитација и други слични вежби. Редовното практикување вежби или активности за смирување, како масажа или прошетка, може да ви помогне во работата и во приватниот живот.

Извор: fastcompany.com