Моќни цитати од Кијану Ривс што ќе ви ги отворат очите
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кијану Ривс немал лесен живот. Неговиот татко го оставил кога имал само три години, на неговата сестра ѝ била дијагностицирана леукемија, а неговата девојка родила мртво девојче, а подоцна и таа починала. Актерот на „Матрикс“ имал многу неуспеси во животот. Сепак, тој и понатаму успева да го воодушеви светот со својата скромност и неговите дела, кои станаа холивудска легенда.
Ова се само дел од неговите мудри мисли.
- Ако може да насмееш жена, тогаш го гледаш најубавото нешто на Земјата.
- Мора да го промениш животот ако не си среќен и да се разбудиш ако работите не одат онака како што ти сакаш.
- Секоја борба во твојот живот те формира во личноста што си денес. Биди благодарен за тешките времиња, тие те прават посилен.
- Бакнувањето некого е прилично интимна работа. Всушност, многу интимна, а твоето срце секогаш пропушта едно отчукување пред да го направиш тоа.
- Понекогаш непријателите се нашите најдобри наставници, луѓето можат да научат од нивните грешки, деструкцијата понекогаш значи повторно раѓање.
- На крај, мислам дека сите можеме да се согласиме дека дури и во лицето на трагедијата, една ѕвездена личност може да напредува. Без оглед на она што се случува во вашиот живот, можете да го надминете. Животот е вреден да се живее.
- Верувам во љубов на прв поглед. Ја сакате таа поврзаност, а потоа сакате и проблеми.
- Утрешниот ден не ви е загарантиран, затоа живејте денес!
- Понекогаш едноставните работи се најтешки за постигнување.
- Тагата ја менува формата, но никогаш не завршува.
- Уметноста е обидот да се најде доброто во луѓето и да се направи светот почувствително место.
- Вљубувањето и врската со некој се две различни работи.
- Бев воспитан да ги третирам луѓето токму онака како што јас би сакал да бидам третиран од другите. Тоа се нарекува почит.
- Мултикултурата е вистинската култура на светот - не постои чиста раса.
- Моќно е да знаеш дека твојата иднина е во твои раце.
- Никој од нас не излегува жив од сето ова, па ве молам, престанете да се третирате како последица. Јадете вкусна храна. Шетајте на сонцето. Скокнете во океанот.
- Понекогаш толку сме зафатени со секојдневниот живот, што забораваме да создадеме време за да уживаме во убавината на животот. Како да сме зомбиња. Погледнете нагоре и извадете ги слушалките. Кажете „здраво“ некому или прегрнете некој на кого му е потребна прегратка.
- Секогаш ќе бидам заљубен во љубовта.
- Добриот состанок со некоја личност е кога ќе се „затруете“ со неговото/нејзиното друштво и сè станува добро во светот.
- Кога не се чувствувам слободно и не можам да го направам она што сакам да го направам, само реагирам. Одам против него.
- Обидете се да згрешите некогаш, ќе биде добро за вашето его.
- Едноставниот акт на обрнување внимание може да ви даде придобивки.
- Ако сте биле брутално скршени, но имате храброст да бидете нежни кон другите живи суштества, тогаш сте мангуп со срце на ангел.
- Претпоставувам дека животот без љубов, без да ја искусам или да ја дадам, е доста силна казна.
- Им се заблагодарувам на земјата и небото секој ден за можностите што ги имам.
- Забавно е да се биде безнадежно заљубен. Опасно е, но и забавно.
- Нашите соништа можат да нè научат, да нè поучат, да нè збунат, понекогаш тие треба да се земат предвид. Тие се можност и мислам дека најверојатно би можеле да се искористат за фокусирање, обидување и постигнување.
- Личноста што ме одделуваше од
среќата бев самиот јас.