Актерка од „Игра на троновите“ го открива оригиналниот план за Ноќниот крал

Актерка од „Игра на троновите“ го открива оригиналниот план за Ноќниот крал

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Последната сезона на серијата „Игра на тронови“ доби многу критики, но сепак во неа имаше еден необично добар момент, а тоа е моментот кога Арја го уби Ноќниот крал. Според Мејзи Вилијамс, актерката која ја играше Арја, на почетокот таа задача била планирана за Џон Сноу.

Во интервју за „Холивуд репортер“, Вилијамс зборувала дека Кит Харингтон, актерот кој го играше Џон Сноу, очекувал да го убие Ноќниот крал бидејќи така му било кажано додека се снимала третата сезона од серијата. Серијата имаше шест сезони.


Фото: Мејзи Вилијамс како Арја Старк/Wikipedia

- Мило ми е што тоа го направи Арја. Мислам дека имав најдобра приказна во последната сезона - изјавила Вилијамс за улогата што ја играла.

Значи, продуцентите му дале погрешна информација на Харингтон во текот на снимањето на третата сезона или плановите се смениле подоцна.

Ова може да биде предвесник за она што следува во серијата книги „Песна за мразот и оганот“ од Џорџ Р. Р. Мартин, врз која беше направена серијата. Авторот претходно кажал дека она што се случило во серијата не мора да се случи и во претстојните книги.

Автор: Даниел Ван Бум
Извор: cnet.com
Фото: Wikipedia