Златното правило за вработување на Илон Маск

Златното правило за вработување на Илон Маск

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Мултимилијардерот Илон Маск се потпира на неколку практики кога вработува нови луѓе во своите компании. Тој смета дека е важно да се постават вистинските прашања, на пр., што прават кандидатите за работа во слободно време, за да се разбере дали ќе ѝ одговараат на компанијата.

Отворена комуникација меѓу сите оддели без разлика на хиерархијата

- Сите сме во ист брод. Секогаш гледајте на себе како да работите за доброто на компанијата, а не за вашиот оддел - изјавил Илон Маск.

Оваа филозофија може да се примени и во процесот на вработување. На пример, на интервјуто со кандидатот може да поканите вработени лица, без разлика дали станува збор за интервју лице в лице или преку интернет.


Фото: Илон Маск/Wikipedia

Оваа тактика е генијална од повеќе причини. Вашиот тим најдобро знае какви луѓе ѝ се потребни на компанијата бидејќи ги знае нејзините цели, стилот на менаџерите и карактерот на другите вработени. На интервјуто може да оставите простор и за отворена дискусија помеѓу вработените и кандидатот за да видите како би функционирал нивниот однос.

Барање совет од вработените за новите кандидати може да биде добро и за самите вработени, кои ќе се чувствуваат ценети и ќе бидат среќни што се вклучени во процесот.

Конечно, едно истражување во САД од 2018 покажало дека над 67% од брзо растечките компании откриваат нови таленти со помош и мислењето на своите вработени.

Автор: Сара Дилон
Извор: theladders.com