Прстените на Сатурн ќе исчезнат во 2025 година, еве зошто
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
За две години ќе исчезнат спектакуларните прстени на Сатурн.
Огромните ледени прстени на гасниот џин ќе исчезнат во март 2025 година, но набргу потоа повторно ќе се појават.
Овој чин на космичко исчезнување ќе се случи како резултат на оптичка илузија, поради тоа што Земјата е позиционирана на вистинското место каде што рабовите на тенките прстени се насочени кон нас, правејќи да изгледа како целосно да исчезнале.
Сатурн е шестата планета од нашето Сонце, втора по големина во Сончевиот Систем, со димензии девет пати пошироки од Земјата.
Карактеристичните прстени на Сатурн се направени од парчиња мраз и карпи, за кои се смета дека паднале во орбитата околу планетата откако големи космички тела биле растргнати од гравитацијата на Сатурн.
Ова чудно исчезнување на прстените се случува приближно еднаш на секои 13 до 16 години, кога рамнината на гасниот џин се порамнува точно со Земјата, така што најтенкиот дел од прстените е свртен директно кон нас.
Земјата го доживува ова двапати годишно, во март и септември, но бидејќи орбитата на Сатурн околу Сонцето трае 29,4 Земјини години, нејзините рамноденици се многу поретки.
Последен пат тоа беше видливо во септември 2009 година, а ќе се случи повторно во октомври 2038 година.
Но, прстените на Сатурн ќе траат вечно бидејќи научниците предвидуваат дека тие навистина би можеле да исчезнат за неколку стотици милиони години.
Извор:
Newsweek.com
Фото: Freepik