Нови фотографии од Јупитер направени од вселенското летало „Џуно“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Мисијата на леталото „Џуно“ на НАСА на 23 октомври го заврши својот 66. близок премин до Јупитер.
Леталото, кое орбитира околу најголемата планета на нашиот Сончев Систем од јули 2016 година, редовно испраќа слики на Земјата во форма на необработени податоци. Бидејќи мисијата нема тим од научници посветени на обработка на слики, овој труд се потпира на работата на граѓанските научници.
„Џуно“ беше ставен во орбитата на Јупитер за подлабоко да ја погледне неговата атмосфера. Првата мисија на „Џуно“ беше да ги истражува двата нејзини пола, забележувајќи циклони кои се вртат на двата краеви на планетата.
Исто така, спроведе истражување за гравитационите и магнетните полиња на Јупитер за да открие како била формирана оваа планета. Овие фотографии не само што се впечатливи од уметничка гледна точка, туку и се бесценети ресурси за астрономите.
Откако уредниците ќе ги обработат овие фотографии, тие ги испраќаат на веб-страницата на „Џунокам“. Иако овие обработени слики не се баш она што би го видело човечкото око, изборот на бои е наменет да го олесни разбирањето на она што се случува во атмосферата на Јупитер.
Мисијата „Џуно“ првично требаше да трае до октомври 2017 година за да се избегне леталото да се судри со три од најголемите месечини на Јупитер, но НАСА ја продолжи откако се констатира дека не постои опасност.
Извор:
Mymodernmet.com
Фотографии:
NASA/ JunoCam Image Processing Gallery