Претставен првиот квантен мотор без фосилни горива

Претставен првиот квантен мотор без фосилни горива

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во напредокот кој ја менува парадигмата на модерната технологија, научниците од Кинеската академија на науки развиле квантен мотор кој користи квантно спојување како „гориво“.

Квантното спојување е феномен каде што две честички се во состојба на суперпозиција, при што нивните информации се нераскинливо поврзани, без оглед на растојанието меѓу нив. Овој мотор работи благодарение на термодинамичкиот процес, во кој честичките минуваат од почетната состојба во високо сврзани состојби. Студијата користи атоми на калциум во јонска стапица за да покаже дека спојката може да произведе корисна енергија.

Како работи моторот?

Моторот може да се спореди со четиритактен мотор:

Апсорпција на фотони: атомите апсорбираат фотони од црвениот ласер.
Експанзија и компресија: атомите се шират, се поврзуваат со квантен полнеж и потоа се компресираат.
Спојувањето како гориво: со преминување во споена состојба, честичките генерираат енергија.
Тимот анализирал над 10.000 експерименти со јони на калциум и открил дека повисоките нивоа на спојување ја зголемуваат механичката ефикасност.

Иднината на квантните мотори

Во моментов квантните мотори работат само на температури блиску до апсолутна нула, што ја ограничува нивната практична употреба. Сепак, понатамошното истражување може да овозможи примена на овие мотори за напојување на квантни компјутери и сложени електронски кола.

Извор: benchmark.rs

Фото: Getty Images