Македонци успешно водат балкански ресторан во Торонто од 2006 година

Македонци успешно водат балкански ресторан во Торонто од 2006 година

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ресторанот „Калифорнија“ се наоѓа во Торонто, Канада. По името, тој наликува на американски ресторан, но станува збор за место каде што се служи балканска храна.

Сопственици на ресторанот се Жанета и Драган Дамчевски, Македонци кои се преселиле во Канада. Тие го купиле ресторанот во 2006 година и вложиле 300.000 долари за да го реновираат. Ресторанот, кој претходно служел бургери и друга американска храна, почнал да нуди балканска храна. Сопружниците одлучиле да го задржат името за да ги зачуваат канадските гости.



Драган заминал во Торонто во 80-тите години и работел во познати ресторани. Тој ја запознал Жанета во 90-тите, кога накратко се вратил во неговата родна Битола. Тие се венчале за два месеца, а во 1996 година Жанета се преселила во Торонто. Денес, тие живеат таму со нивните две ќерки, Наталија и Емилија.



Во ресторанот, заедно со Жанета и Драган, работи и Јулијана Реља од Црна Гора, како и готвачи од Србија и од Босна и Херцеговина. Гостите во ресторанот се мешавина од локални жители, странци и поранешни жители на балканските земји кои емигрирале во Торонто.



Освен за храна, гостите доаѓаат во ресторанот и за музиката. Бенд свири музика од Босна и Херцеговина, Македонија и од Србија во вечерните часови.

- Не е како другите ресторани. Топлината, атмосферата, енергијата се различни. Сакам луѓето да се чувствуваат како дома и да направат пауза од секојдневниот живот - изјавила Жанета за „Торонто лајф“.



Извор: Toronto life
Насловна фотографија: Facebook