Поволности од студеното време за здравјето и умот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Студеното време може да биде добро за здравјето, иако многумина не го знаат тоа. Во продолжение се дадени неколку поволности за телото и умот кои може да ги донесат ниските температури.
Подобро дишеме
Под услов воздухот да биде чист, подобро дишеме на студено време. Затоа, овој период е одличен за престој во природа.
Мозокот работи подобро
Докажано е дека луѓето поретко носат големи одлуки на високи температури. Топлото време побргу ги исцрпува нашите резерви на глукоза, која ја користиме во работата на мозокот.
Студеното време ги намалува воспаленијата и инфекциите
Воспалението на мускулите често се ублажува со нанесување мраз на отечената и болна област. И ниските температури на воздухот го имаат истиот ефект. Многу спортисти користат криотерапија, односно терапија со мраз, што значи изложеност на екстремно ниски температури при лекување воспаленија и повреди.
Престојот на отворено во зима ја зголемува нашата отпорност на болести. Тоа е така затоа што бројот на клетки кои се борат против инфекции всушност се зголемува кога сме надвор на студ.
Имаме повеќе енергија
Прошетката на ладно ќе ве исполни со енергија и ќе бидете енергични со часови откако ќе се вратите на топлото. Меѓутоа, не треба да се задржувате премногу на студено време бидејќи тогаш ќе го добиете спротивниот ефект.
Подобро спиеме
Луѓето што имаат несоница имаат повисока телесна температура, па затоа спиењето во малку разладена просторија, на температура од 16 до 20 Целзиусови степени, ќе им помогне на оние што страдаат од несоница, како и на сите други, да спијат подобро.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay