На руско-украинското бојно поле годинава ќе се користат дронови што напаѓаат во роеви

На руско-украинското бојно поле годинава ќе се користат дронови што напаѓаат во роеви

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Идните историчари би можеле да ја нарекуваат руско-украинската војна - „војна со дронови“ поради клучната улога што ја има оваа технологија во текот на конфликтот.

Почетните месеци од војната беа обликувани од руските дронови „орлан-10“ и „бајрактар ТБ-2“. Во сегашната фаза на војната Украина забрзано развива и распоредува нови дронови, а истовремено добива и голем број дронови како странска помош. Во меѓувреме, Русија ги подобри своите разузнавачки дронови и пласира големи количества муниција развиена со други земји.

Како што војната продолжува во 2025 година, технологијата на дронови ќе продолжи да се развива, при што двете страни сè повеќе ќе ја вградуваат технологијата наречена „рој“ во нивната флота.

Технологијата „рој“ овозможува повеќе дронови да функционираат како координирана единица наместо како посебен ентитет. Тие имаат потенцијал да понудат значителни предности, особено во координирање напад со споделување информации во реално време. Кај едноставниот „рој“, еден дрон може да обезбеди надгледување на другите дронови кои вршат напад, хранејќи ги другите оператори на дронови со информации за нападот да биде поефективен. Понапредниот „рој“ автоматизира голем дел од овој процес, така што кога еден дрон во ројот ќе открие систем за контра-дронови, може да ги пренесе деталите за заканата на остатокот од ројот, кој потоа може автономно да преземе активности за да ја зголеми нивната веројатност за завршување на мисијата.

Во моментов, Украина има предност во оваа технологија преку нејзината способност да го искористи напредокот од комерцијалниот сектор, вклучително и вештачката интелигенција која ја поддржува способноста на ројот да донесува одлуки. Во текот на изминатата година Украина распоредила рој од 3 до 10 дрона, иако нивото на автономна соработка меѓу нив не е познато.

Следејќи ги актуелните трендови, големината на роевите и нивото на автономија се очекува да се зголемат во текот на годинава. Русија допрва треба да интегрира ваква технологија во својата флота.

Конвенционалните руски и украински одбрани против дронови ќе се соочат со предизвици во однос на оваа технологија. Иако некинетичките системи имаат потенцијал да неутрализираат големи групи беспилотни летала, како што тоа го направи Русија на почетокот на војната, технологијата рој го комплицира овој пристап со тоа што бара истовремено заглавување на многу сигнали. Роевите вообичаено работат во мрежа, дозволувајќи му на дронот да прима клучни информации од други беспилотни летала дури и ако една комуникациска патека е заглавена. Кратките растојанија помеѓу дроновите дополнително ги зајакнуваат нивните мрежни сигнали, што го отежнува нивното прекинување. Така, кинетичките системи имаат проблем бидејќи можат да таргетираат само ограничен број дронови истовремено. Ова го принудува системот да одреди кои дронови да ги вклучи, додека остатокот од ројот ги приспособува своите шеми на летот за да избегне да биде цел.

Извор: Forbes.com
Фото: Screenshot/YouTube