Кога во 2020 година ќе имаме највидливи метеорски дождови?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Повеќето луѓе уживаат во набљудувањето на овој космички феномен, па еве кои метеорски дождови и кога ќе бидат највидливи од Земјата во 2020 година.
Метеорскиот дожд е појава на небото кога голем број метеори навидум доаѓаат од една точка што се нарекува „радијант“. До дождот доаѓа кога метеоритите со голема брзина влегуваат во атмосферата на Земјата и го јонизираат слојот на воздухот околу себе.
Повеќето метеорити се помали од зрнце песок. При поминувањето низ атмосферата тие целосно испаруваат и никогаш не стигнуваат на површината на Земјата. Остатоците од метеоритите што стигнуваат на Земјата се нарекуваат метеори.
Фото: Unsplash
Во текот на метеорскиот дожд може да се појават десетици или стотици метеори. Дождот трае од неколку часа до повеќе денови, но не секогаш се видливи од Земјата. Повеќето луѓе уживаат да го набљудуваат овој космички феномен, а еве што вели американското Друштво за метеори, кои метеорски дождови и кога ќе бидат највидливи во 2020 година:
21 до 22 април - метеорскиот дожд Лириди
4 до 5 мај - метеорскиот дожд Аквариди
28 до 29 јули - метеорски дожд Јужни Делта Аквариди
11 до 12 август - метеорски дожд Персеиди
9 до 10 октомври - Јужни Тауириди
20 до 21 октомври - Ориониди
11 до 12 ноември - Северни Тауриди
16 до 17 ноември - Леониди
13 до 14 декември - Геминиди
21 до 22 декември - Урсиди
2 до 3 јануари 2021 -
Квадрантиди