Милијардерот Ворен Бафет објави која е најважната карактерна особина на добрите лидери
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Милијардерот Ворен Бафет се фокусира на три карактерни особини кога вработува нови луѓе, но само една од нив му е навистина важна.
Од сите совети што Бафет ги споделил изминативе години, се издвојува советот за интегритетот како најважна карактерна особина.
- Бараме три работи кога вработуваме нови луѓе. Бараме интелигенција, иницијатива или енергија и интегритет. Доколку го немаат последното, првите две може да бидат фатални бидејќи всушност ќе вработите некој што е мрзлив и глупав - изјавил Бафет.
Фото: Jehyun Sung, Unsplash
Карактерот е основен за одлуката за вработување бидејќи без него бизнисот ќе нема важен елемент - довербата. Џол Питерсон, директор на „Џетблу“, се согласува дека вработените со интегритет придонесуваат за побрза работа, поголема иновација, а луѓето околу нив се пофлексибилни и поиновативни, па и се забавуваат повеќе.
- Да се има интегритет значи дека празнината помеѓу тоа што го кажувате дека ќе го направите и тоа што навистина ќе го направите е мала - вели Питерсон.
Лидерите со интегритет ги привлекуваат другите и се поврзуваат со нив. Ова се луѓе што се искрени, ги почитуваат другите и се трудат да добијат вистински резултати. Лидерите со интегритет се грижат за другите, но и не се плашат од промени. Овие луѓе знаат дека се експерти и ја разбираат моќта што ја поседуваат, но не го користат тоа за да му го одземат вниманието на некој што заслужил пофалба. Ова се луѓе насочени кон другите луѓе и сакаат да водат служејќи им на другите.
Фото: Markus Spiske, Unsplash