Експертот за шимпанза Џејн Гудал вети дека ќе засади 5 милиони дрвја во 2020 година
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Д-р Џејн Гудал, приматолог, која се смета дека е најголемиот светски експерт за шимпанза, неодамна ги објави нејзините планови за засадување 5 милиони дрвја во текот на оваа година.
Таа соработува со Програмата за животна средина на Обединетите нации за да помогне да се засадат 1 билион дрвја.
- Програмата „1 билион дрвја“ нуди иновативни технологии што ќе служат за поврзување на десетици илјади мали и големи групи низ светот кои се занимаваат со садење дрвја и реставрација на шумите. Создавањето на оваа „зелена глобална заедница“ ќе овозможи споделување на потребното финансирање и најдобрите практики - токму она што е потребно за да се постигне целта за билион дрвја за 10 години. Горда сум што можам да ја објавам нашата програма „Рутс & Шутс“, која ги охрабрува младите луѓе во 60 окрузи и се обврза да засади над 5 милиони нови дрвја во текот на следната година. Време е сите луѓе на планетата да си го сработат својот дел - пишува во изјавата на нејзината веб-страница.
13 милиони хектари шума се искористени за други намени или уништени од природни причини, а до 28.000 вида може да исчезнат во наредниот четврт век, како резултат на уништување на шумите, според веб-страницата „Ворлд каунтс“.
Бидејќи луѓето почнаа со сечење на шумите, 46 отсто од шумите се или исечени или уништени на друг начин, се вели во истражување од 2015 година објавено во списанието „Нејчр“.
Гудал е најпозната по нејзиното истражување, подолго од 55 години, за социјални и семејни интеракции кај дивите шимпанза.