Автономните камиони се толку блиску, но толку далеку

Автономните камиони се толку блиску, но толку далеку

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Колку сме далеку од моментот кога по патиштата ќе крстосуваат автономни возила? Судејќи според скокот на вредноста на акциите на компанијата „Аурора“, не сме многу далеку. Сепак, директорот на компанијата што ја развива технологијата, Крис Урмсон, смета дека сме многу оддалечени од исплатливоста на производството на возила без возач.

Помал автомобилски отпад би можел да се наполни со неуспешните модели на автономни возила. Минатата година „Џенерал моторс“ ја повлече својата верзија „Круз“. Така направија и неговите ривали „Форд“ и „Фолксваген“, кои инвестираа многу во „АРго АИ“ во 2022 година. „Убер“ го изнесе на улица својот модел со самоуправување во 2020 година, но го повлече по несреќа. Има и многу мали компании чии модели исчезнале пред некој да слушне за нив.

Исклучок е програмата „Вајмо“ на „Алфабет“. Најинвестираниот производител на автономни автомобили има флота од такси-роботи кои возат низ Феникс, Сан Франциско и Лос Анџелес. Наскоро ќе се најдат и на улиците на Остин, Атланта и Мајами. Според „Форбс“, тие оствариле приход од 100 милиони долари минатата година и очекуваат натамошен раст.

Тука е и иновацијата на компанијата „Аурора“, која беше лансирана во 2017 година од експерти од „Гугл“, „Тесла“ и „Убер“. Тие се единствената компанија на тоа поле на американската берза, но и по три години сѐ уште не успеале да забележат приходи од продажба. Тие веќе двапати го одложија лансирањето на самоуправувачки камион.

 

Крис Урмсон е уверен дека во април камионот ќе постигне комерцијален успех како робот-такси.


 
Многу предизвици за камионот

Неговото прво возење ќе биде од Далас до Хјустон. Компанијата се надева дека ќе има десетици камиони без возачи на патиштата до крајот на годината, со планирана втора маршрута помеѓу Ел Пасо и Форт Ворт. И ако сѐ оди според планот, инвеститорите ќе мора да чекаат години пред „Аурора“ да ги генерира приходите и профитот за да ја оправдаат својата пазарна вредност од речиси 11,7 милијарди долари.

Транспортната индустрија моментално вреди околу 1 трилион долари, но се бори со недостиг на возачи. Од друга страна, креаторите на автономните возила велат дека безбедноста е најважна и дека сега имаат технолошко решение и за тоа. Според студијата на консултантската фирма „Мекинси“, доколку бидат успешни во продажбата, овој бизнис би можел да достигне годишна вредност од 600 милијарди долари до средината на 30-тите години.

Извор: forbes.n1info.rs

Фото: Instagram