Лекари од САД најдоа начин како и покрај заштитната опрема да им ги покажат насмеаните лица на пациентите
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Голем број здравствени работници добија статус на херои за време на пандемијата со Ковид-19, едноставно извршувајќи си ја работата во опасни услови.
И покрај борбите и предизвиците, многу доктори, медицински сестри и друг медицински персонал го даваат најдоброто од себе за да се осигурат дека сите се безбедни за време на кризата со коронавируост.
Респираторниот терапевт Робертино се грижи за пациентите со Ковид-19 во болницата „Скрипс Мерси“ во Сан Диего. Еден ден, кога влегол во ургентниот оддел, тој помислил колку лошо се чувствуваат неговите пациенти кога го гледаат облечен во заштитна опрема од глава до пети, без да може да му го видат ликот.
Преку маските докторите не можат да покажат позитивни невербални знаци, на пример, насмевка, што е од суштинско значење за пациентите.
Како што пишува на својот инстаграм-профил, насмевката прави голема разлика за исплашениот пациент. Затоа дошол до одлична идеја за пациентите да можат да уживаат во неговата насмевка - испечатил фотографија од себеси со насмевка на лицето и ја залепил на неговата заштитна опрема.
На овој начин пациентот може да го види лекарот како човек и насмеано лице што носи утеха кај своите пациенти.
Според докторка Кејт Грејнер, која починала, насмевката е неверојатно важна како метод за градење врска помеѓу лекарите и пациентите.
Ваквиот потег инспирира голем број други
медицински лица да го направат истото. Робертино сподели фотографија што ја добил од медицинска сестра и двајца специјалисти кои носат целосна заштитна опрема и фотографии на нивната опрема.
Doctors putting own pictures on PPE so patients can see who's treating them from r/pics
Извор:
Bored Panda
Фото: Instagram