Kороната ќе ги смени правилата на шопингот: Купената облека ќе ја пробуваме само дома, заменетите парчиња ќе одат во магацин пред да се продаваат

Kороната ќе ги смени правилата на шопингот: Купената облека ќе ја пробуваме само дома, заменетите парчиња ќе одат во магацин пред да се продаваат

Подготвил: Соња Алексоска-Неделковска

Лектор: Ивана Кузманоска

Имаме голем број совети и инструкции од брендовите што ги застапуваме, информирани сме за сите мерки за заштита што ќе треба да ги спроведеме. Се разбира, мора да ги почекаме и одредбите што ќе ги донесе Владата за да ги усогласиме со насоките и препораките кои интерно ги дискутиравме, вели Љупчо Маневски, генерален менаџер на „Фешн груп Македонија“



Празни молови, затворени продавници. Нашето секојдневие одеднаш стана поинакво. Коронавирусот внесе нови правила на однесување, дури и рутинските задачи се претворија во потенцијална опасност од зараза.

Затоа, како никогаш досега, најважно е да се придржуваме до мерките за заштита од Ковид-19.


Скратено работно време, во недела и за празници затворени

Со постепено попуштање на мерките се очекува отворање на продавниците во моловите, што ќе резултира и со голем број посетители и купувачи. Ситуацијата е најспецифична кога станува збор за продавниците со гардероба. Луѓето ќе избегнуваат метеж или да ја пробаат облеката што претходно некој ја ставил на себе.
Тимот на „Фешн груп Македонија“, кој поседува најголем број продавници со брендирана облека, веќе работи на организација и имплементирање на пакет мерки за спречување ширење на пандемијата на коронавирусот.

- Располагаме со голем број совети и инструкции од брендовите што ги застапуваме, информирани сме со сите мерки за заштита кои ќе треба да ги спроведеме. Се разбира мора да ги почекаме и одредбите што  ќе ги донесе Владата за да ги усогласиме со насоките и препораките, кои интерно ги дискутиравме - вели Љупчо Маневски, генерален менаџер на „Фешн груп Македонија“.


Дел од работната верзија на оваа групација за заштита од коронавирусот на персоналот и посетителите се:
Продавниците ќе работат со скратено работно време од 10:00 до 18:00, а во недела и за празници ќе бидат затворени. Задолжително носење заштитни маски и ракавици на вработените и користење хидроалкохолни гелови. Одржување физичко растојание меѓу купувачите, и меѓу купувачите и продавачите од 1,5 метар до 2. Одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата ќе го организира редот и бројот на купувачи. Бројот на купувачи ќе се регулира според квадратурата на продавницата, на 10m² - 15m² продажен простор по еден купувач. На касите за плаќање ќе се обезбеди и регулира растојание од 1,5 - метар помеѓу касиерот и купувачите.
На видливи места ќе бидат поставени едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас, на секои 30 минути информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки. Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот. Ад хок протокол во случај на инфекција со Ковид-19 (потврдено или потенцијално) во трговските продажни салони.

- Ќe претпочитаме да не се пробува облеката во гардероба, туку дома. Но, ќе бидеме пофлексибилни и ќе овозможиме толерантен однос околу замената - објаснува Маневски.



Тој додава дека вратената стока ќе биде подложена на дезинфекција со вапо-уред и ќе остане во 48-часовен карантин во магацинските простории пред повторно да се пушти во продажба.

- Ќе имаме засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое дејствува на вируси според упатство од производителот. Безбедното растојание визуелно ќе биде прикажано со налепници пред влезот и непосредно пред касите. Повлекувањето на рестриктивните мерки ќе оди постепено и ќе зависи од состојбата со коронавирусот - посочува Маневски.
Тој додава дека овие нивни мерки секако ќе се усогласат со мерките што ќе ги наложи Владата по препораките на Комисијата за заразни болести.



Дезинфекција на системот за вентилација

Како ќе се заштитат купувачите во затворените трговски центри, исто така, е отворено прашање.

Бројот на посетителите во „Скопје сити мол“ ќе биде контролиран со видеонадзор и обезбедување. Покрај овие мерки, ќе се примени и практиката за безбедно растојание со подни налепници низ трговскиот центар пред локалите.

- Секогаш се придржуваме кон мерките од Министерството за здравство и Владата. Голем дел од јавноста веќе е запознаена дека „Скопје сити мол“ веќе има поставено диспанзери со средства за дезинфекција на раце на секој влез. Редовно се врши комплетна дератизација на површини, како што се тоалети, ходници, лифтови, рачки, кваки итн. Во завршна фаза е и комплетна дезинфекција на системот за вентилација, односно на канали каде што струи воздухот, како во ходниците така и во локалите во трговскиот центар - ни одговори Дамјан Корубин, маркетинг-менаџер.

И во останатите затворени трговски центри ќе се преземаат мерки за заштита на граѓаните и вработените.

- Рамстор Мол како општествено одговорна компанија, уште на почетокот со ситуацијата со коронавирусот започна со превентивни мерки кои беа во насока на општото здравје на сите посетители. Моментално иако сме затворени, и датумот на отворање сѐ уште не е дефиниран, будно ги следиме сите препораки од властите, како и примерите од земјите кои веќе започнаа со работа и за таа цел можеме да кажеме дека сме спремни за работа и отворање на Рамстор Мол. Бидејќи здравјето на нашите посетители е наш најголем приоритет, сите препораки кои ќе бидат дадени од министерството за здравство ќе бидат целосно имплементирани, а ќе имаме и дополнителни процедури за хигиена на секој посетител, како и запазување на социјалната дистанца, се со цел враќање во нормала секојдневните навики и нормализирање на животот  - изјавија од управата на Рамстор Мол.


Во периодот кога трговскиот центар е затворен согласно препораките на Владата, во Капитол мол секојдневно се врши дезинфекција на просториите од јавен карактер и хигиената се оддржува на виско ниво, велат од овој трговски центар.
- Сите вработени во службите на Капитол мол се опремени со препорачаните средства за лична заштита (маски и ракавици, средства за дезинфекција), а истата препорака ја почитуваат и оние локали кои во моментот се отворени за посетителите: супермаркетот, аптеката и дрогеријата. Штом биде дозволено отворањето на трговскиот центар, Капитол мол како објект од јавен карактер ќе продолжи со оддржување на високо ниво на хигиена и со редовна дезинфекција на трговскиот центар. Како и досега - ќе ги следиме и почитуваме сите задолжителни и препорачани мерки од страна на Владата  како и од медицинските лица за спречување на ширењето на вирусот : задолжитерлно носење на маска и ракавици за вработените во молот и за вработените лица во сите локали и продавници, носење на средства за лична заштита за посетителите, одржување на ред и регулирање на број на посетители – вели Оливера Дебарлиева, одговорна за маркетинг и односи со јавноста во Капитол мол.


И во останатите затворени трговски центри ќе се преземаат мерки за заштита на граѓаните и вработените.

- „Рамстор мол“, како општествено одговорна компанија, уште на почетокот со ситуацијата со коронавирусот почна со превентивни мерки кои беа во насока на општото здравје на сите посетители. Моментално, иако сме затворени и датумот на отворање сѐ уште не е дефиниран, будно ги следиме сите препораки од властите, како и примерите од земјите што веќе почнаа со работа и за таа цел можеме да кажеме дека сме спремни за работа и отворање на „Рамстор мол“. Бидејќи здравјето на нашите посетители е наш најголем приоритет, сите препораки што ќе бидат дадени од Министерството за здравство ќе бидат целосно имплементирани, а ќе имаме и дополнителни процедури за хигиена на секој посетител, како и запазување на социјалната дистанца, со цел враќање во нормала на секојдневните навики и нормализирање на животот - изјавија од управата на „Рамстор мол“.



Во периодот кога трговскиот центар е затворен согласно препораките на Владата, во „Капитол мол“ секојдневно се врши дезинфекција на просториите од јавен карактер и хигиената се одржува на високо ниво, велат од овој трговски центар.
- Сите вработени во службите на „Капитол мол“ се опремени со препорачаните средства за лична заштита (маски и ракавици, средства за дезинфекција), а истата препорака ја почитуваат и оние локали што во моментот се отворени за посетителите: супермаркетот, аптеката и дрогеријата. Штом ќе биде дозволено отворањето на трговскиот центар, „Капитол мол“ како објект од јавен карактер ќе продолжи со одржување на високото ниво на хигиена и со редовна дезинфекција на трговскиот центар. Како и досега - ќе ги следиме и почитуваме сите задолжителни и препорачани мерки од страна на Владата, како и од медицинските лица, за спречување на ширењето на вирусот: задолжително носење маска и ракавици за вработените во молот и за вработените лица во сите локали и продавници, носење средства за лична заштита за посетителите, одржување ред и регулирање на бројот на посетители - вели Оливера Дебарлиева, одговорна за маркетинг и односи со јавноста во „Капитол мол“.

 Засега нема информации од Владата кога ќе се отвораат продавниците во Македонија, првично е најавено отворање на рестораните и кафулињата, но само во делот со отворени тераси.