Невиден хаос во Германија поради месечните карти за воз од 9 евра
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Минатиот продолжен викенд во Германија служел како тест за железничкиот сообраќај по воведувањето на евтините месечни карти од 9 евра. Резултатот? Хаос.
Поради растечките цени на горивата, германската Влада се впушти во експеримент и почна да нуди месечна карта за регионалните возови од само 9 евра од почетокот на јуни. Ова ќе ја чини Владата 2,5 милијарди евра само за првите три месеци. Евтините карти не важат за брзите меѓуградски возови и за регионалните возови кои застануваат на повеќе станици.
Хаос за викендот
Минатиот викенд во Германија имало многу поголем интерес за железничкиот сообраќај од вообичаеното поради иницијативата. Ова бил првиот викенд по воведувањето на евтините карти, а како резултат на тоа, во целата земја имало околу 400 преоптоварени возови секој ден. Поради тоа, многу патници воопшто не можеле да влезат во возот.
- Секаде во Германија пероните и возовите беа полни, во неколку случаи претоварените возови мораа да бидат испразнети - изјавил потпретседател на Генералниот совет на компанијата за транспорт „ДБ Регио“, Ралф Дамде.
Фото: Pixabay
Дневно имало околу 700 информации за преоптовареност, проблеми со патници или пречки во работниот центар, изјавил Дамде. Имало и вербални напади на вработени, иако не дошло до физички напад. Огромната потреба за дополнителен кадар довела до илјадници прекувремени работни часови за само еден ден. Многу патници воопшто немале искуство со користење на железницата, па затоа им била потребна помош за да стигнат до пероните или станиците.
До овие проблеми дошло иако земјата ставила на располагање над 60.000 дополнителни места и над 50 дополнителни возови поради иницијативата.
Германската Влада и понатаму ја брани идејата чија цел е да им помогне на граѓаните во периодов кога цените на горивата продолжуваат да растат.
Извор:
6yka
Насловна фотографија: Pixabay