Следете во живо: Како ќе изгледа образованието од 1 септември?
Дали учениците ќе тргнат во училиште на 1 септември или повторно ќе учат од дома? Дали Министерството за образование и наука има визија и концепт како ќе се реализира наставата во новата учебна година? Дали родителите повторно ќе мора да работат од дома или да отсуствуваат од работа и секако да ги учат своите деца? Каква платформа за е-учење ни е потребна?
На овие прашања ќе разговараме во вечерашната дебата организирана од Факултети.мк и Деца.мк заедно со Елизабета Наумовска, заменик-министер за образование и наука, Кирил Барбареев, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Александра Максимовска, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Ана Попризова, училиштен психолог во гимназијата „Орце Николов“ - Скопје, и Владислав Бидиков, ИТ-инженер на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Дебатата ќе ја води новинарката Катерина Топалова.