Колку заработуваат најдобрите професионални гејмери на светот

Колку заработуваат најдобрите професионални гејмери на светот

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Е-спортс“ е една од најбрзорастечките индустрии. Победите на натпреварите носат заработка од стотици илјади евра, а играчите имаат свои обожаватели во секој агол на светот.

Според вкупната заработка во последните 8 години, водечки е-спорт играч е Данецот Јохан Сундштајн (30), познат како „N0tail“. Досега заработил 7,18 милиони долари.

Втор е Финецот Џеси Ваиника (32) - „'JerAx'“. Заработил 6,49 милиони долари. Првата тројка ја заокружува Французинот Себастиен Феликс Дебс (32), попознат како „Себ“. Интересно е што десетте најплатени играчи играат „Дота 2“.

Според податоците на escharts.com, во светот има 65.824 регистрирани професионални играчи, а меѓу нив има 1.903 жени.

Извор: 24sata.hr

Фото: Freepik